17.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

Косовски уметник од семки направи портрет на Зеленски: Тој е херој на својот народ (ВИДЕО)

Најчитани вести

Косовскиот уметник Алкент Пожегу направил портрет на украинскиот претседател Володимир Зеленски.Алкент е познат по тоа што прави портрети од семки, а по руската инвазија на Украина ја направи фигурата на Зеленски од разни видови семиња.

Портретот е 7,5 квадратни метри се наоѓа во Ѓаковица. Под портретот на претседателот пишува „Украина“, а до него е и украинското знаме. Со овој потег косовскиот уметник изрази поддршка за земјата во војна.

За ова дело на косовскиот уметник објавија бројни странски медиуми.

„Порано не знаев за претседателот Зеленски, но сега верувам дека тој е претседател кој не` инспирираше сите нас, целиот свет. Тој е херој на својот народ кој успеа да ги обедини Европа и светот“, вели Алкент.

Алкент Пожегу минатата година направи голем портрет на Ангела Меркел. Пожегу, инаку, поседува два Гинисови рекорди за неговата генијалност во правењето огромни мозаици со користење на различни зрна и семиња од растенија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com