Home » Косовските опозициски лидери попладне на средба со Лајчак и Ескобар во Приштина

Косовските опозициски лидери попладне на средба со Лајчак и Ескобар во Приштина

by Журнал.мк

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак ќе престојува денеска во Приштина, каде што попладнево ќе биде домаќин на лидерите на најголемите опозициски партии на косовските Албанци, јави дописникот на МИА од Приштина.

Заедно со Лајчак, на средбата закажана за во 16 часот во канцеларијата на Мисијата на ЕУ во Приштина, ќе присуствуваат уште еден евро-дипломат, како и американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар и амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховениер.

Од опозицијата се очекува да присуствуваат лидерите на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и Алијансата за иднината на Косово, односно Мемли Красниќи, Љумир Абдиџику и Рамуш Харадинај, со по уште еден член на партиските раководства.

Споменатите опозициски лидери слична средба имаа синоќа во американската амбасада, каде што беа поканети на работна вечера од Ескобар.

Емисарите на ЕУ и САД престојуваат во Приштина, од каде подоцна ќе отпатуваат за Белград, во обид да постигнат договор меѓу Косово и Србија во пресрет на 1 септември, за кога косовските власти најавија дека ќе почнат да ги спроведуваат мерките на реципроцитет кон Србија во однос на регистерските таблички и патните документи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk