8.8 C
Skopje
Saturday, November 27, 2021

Косовската полиција негира дека нејзините припадници претепале тројца Срби

Најчитани вести

Косовската полиција денеска се огласи да го негира вчерашниот инцидент за кој известуваа српските медиуми дека во близината на преминот Брњак биле претепале без причина тројца Срби. Во соопштението, косовската полиција наведува дека информацијата не е вистинита и има за цел „да ја дезинформира јавноста, да ја прикаже ситуацијата како неизвесна за граѓаните, како и да исполни различни политички амбиции надвор од Косово“.

-По официјалните проверки, таквите информации се покажаа како невистинити, бидејќи на граничниот премин немаше запирања или контакт со ниту еден демонстрант, но полициската единица провери три камиони, односно нивните возачи кои возеа зад полицискиот конвој, загрозувајќи ја безбедноста, објави косовската полиција.

Како што е наведено, „полицијата приведе, провери, а потоа ослободи тројца возачи од косовска националност, на кои им беше наложено да се пријават во полициската станица Јужна Митровица“.

Заедно со објавата, беа доставени и документите за идентификација на тројцата уапсени, кои беа проверени од полициските службеници и како што велат од косовската полиција, истовремено ги демантираат вестите и дезинформациите на медиумите.

Претходно српската државна телевизија РТС објави дека, „двајца од тројцата Срби кои биле претепани од припадниците на специјалните полициски единици Росу на административниот премин Брњак, се здобиле со тешки телесни повреди и се хоспитализирани на хируршкото одделение на КБЦ Косовска Митровица“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com