-1 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Косовската влада издвои 500 илјади евра помош за Албанија

Најчитани вести

Владата на Косово издвои 500 илјади евра помош за Албанија, која утрово ја погодија силни земјотреси кои предизвикаа жртви и уривања, јави дописникот на МИА од Приштина.

Одлуката е донесена на денешната вонредна седница на владата во оставка, свикана од премиерот Рамуш Харадинај по повод ситуацијата во Албанија.

– Косово е покрај своите сонародници и се моли бројот на жртвите да не се зголеми и ова да бидат последни потреси, изјави Харадинај пред новинарите по владината седница.

Покрај специјалните тимови за потрага и спасување на Безбедносните сили (ФСК) и на полицијата на Косово кои беа упатени во Албанија, Харадинај информира дека им наложил и на противпожарните служби, спасувачките тимови и компаниите ангажирани од Министерството за инфраструктура да помогнат на соседната држава во справувањето со последиците.

Албанија рано утрово ја погодија серија земјотреси во кои, според последните официјални информации, загинаа најмалку  13 лица, а причинети се и големи материјални штети, нарочито во приморскиот град Драч и местото Тумане, како и во околните населени места. 

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести