21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Косово повторно одби екстрадиција на еден од убијците од Смилковско

Најчитани вести

Основниот суд во Приштина го одби барањето на Министерството за правда на Македонија за екстрадиција на Африм Исмаиловиќ, осуден во случајот „Монструм“.На Исмаиловиќ, како и на неговиот брат Агим и на Алил Демири, на 23 февруари оваа година повторно му беше досуден доживотен затвор за масакрот кај Смилковско Езеро. Останатите двајца обвинети, Фејзи и Хаки Азири, добија 15, односно девет години затвор. Во меѓувреме, Сами Љута беше ослободен од обвинение во отсуство на докази.

И Исмаиловиќ и Демири се во бегство уште од убиствата со април 2012 година. Досега се испратени две барања за екстрадиција во кои е содржана и доставена целокупната документација за екстрадиција на бегалците. Испратени се и замолници, но на нив ниту имаат обврска, ниту дале одговор косовските власти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести