7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Косово отвори конзулат во Хамбург

Најчитани вести

Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли објави дека синоќа е отоворен генералниот конзулат на Република Косово во градот Хамбург во северна Германија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку својот профил на Твитер, Пацоли информира дека ова е петтиот конзулат што Косово го отвора во државата која е нејзин стратешки сојузник во Европа.

– Вечерва во Хамбург го инаугуриравме Генералниот конзулат на Косово, кој ќе промовира посилни односи со северот на Германија, ќе ја зајакне трговијата и економската размена и ќе понуди подобри услуги за нашата дијаспора во северна Германија. Ова е петтиот генерален конзулат во Германија, нашиот стратешки партнер во Европа, напиша Пацоли.

Тој додава дека во изминатите две години од неговиот мандат на чело на косовската дипломатија активно работел на проширување на дипломатските и конзуларните претставништва на Косово во светот.

– Присутни сме во повеќето значајни земји во Европа и во сите региони во светот. Ова e во функција на едно посилно глобално Косово, кое се ангажира заедно со пријателите и партнерите, напиша Пацоли.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com