6 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Косово испрати безбедносни сили во подрачјата погодени од земјотрес во Албанија

Најчитани вести

Косовскиот претседател Хашим Тачи телефонски разговараше со албанскиот премиер, Еди Рама, а вршителот на должност премиер на Косово, Рамуш Харадинај, со албанскиот претседател Илир Мета, за да се информираат за состојбата по земјотресот што ја погоди Албанија.

Тачи соопшти дека релевантни единици на косовските безбедносни сили веќе се упатиле кон подрачјата погодени од земјотрес.

„На премиерот Рама, во името на граѓаните на Косово, му изразив искрено сочувство за жртвите кои настрадаа во земјотресот. Го уверив дека Косово ќе ја поддржи Албанија. Релевантните единици на косовските безбедносни сили веќе тргнаа кон подрачјата погодени од земјотресот“ рекол Тачи.

Истовремено, вршителот на должност премиер на Косово, Харадинај телефонски разговараше со албанскиот претседател Илир Мета, на кого му пренесе солидарност и подготвеност на народот на Косово да понуди потребна помош на Албанија.

Харадинај истакна дека побарал од командантот на КБС, генералот Рахман Рама и директорот на полицијата на Косово, Рашит Калаја, да ги мобилизираат итните единици за помош на државата и граѓаните на Албанија со сите потребни капацитети.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести