9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Косово го презеде претседателството со Процесот на соработка на Југоситочна Европа

Најчитани вести

Министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли денеска свечено го презентира преземањето на претседателствувањето на неговата земја со Процесот на соработка на Југоисточна Европа (СЕЕЦП) во наредната година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Пацоли на прес-конференција по тој повод изјави дека приоритет на Приштина за време на претседателствувањето ќе биде задржувањето на младите во земјата, промоцијата на културата и развојот на туризмот.

Покрај Косово, членки на СЕЕЦП се Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија, Турција, Грција, Романија и Молдавија, а претседателствувањето од страна на една земја трае една година.

Претходно со Процесот претседаваше Босна и Херцеговина, чиј самит, одржан порано овој месец, го бојкотираа косовскиот претседател Хашим Тачи и шефот на дипломатијата Пацоли¸поради нерамноправен третман на нивната земја од страна на домаќинот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com