11.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Косово го набави оружјето кое се покажа ефикасно во Украина

Најчитани вести

Белград тврди дека Косово се вооружува, а косовските власти тоа го потврдуваат и велат дека на Србија не треба да и се верува.

Британија, како што пишуваат српските медиуми, ѝ испорачала на Приштина извесно количество противтенковски ракетни системи „џавелин“. Тие се покажале како ефикасно оружје во борбите во Украина.

Косовскиот премиер Албин Курти го потврди зголемувањето на буџетот за војската.

-Изјавите кои доаѓаат од Белград не треба да се прифаќаат како факти. На тоа нè учат и минатото и сегашноста. Но, точно е, го зголемивме буџетот за војската за 52 отсто, порача тој.

Министерот за одбрана на Косово Арменд Мехај на Твитер наведе дека косовската војска е опремена и продолжува да се снабдува со модерно оружје.

Неодамна и Србија набави ново оружје и ова го вознемири регионот. Имаше реакции од хрватски, црногорски и косовски политичари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com