Македонија е меѓу безбедните земји од здравствен аспект, на најновата ажурината мапа на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) .
Од земјите од регионот безбедни за патување се и Хрватска и Словенија. Со најголема инциденца се Шпанија и Португалија кои се претежно во црвената зона.
„Оние што сè уште не резервирале одмор, избегнувајте ги Шпанија и Португалија како дестинации, ова е совет од претпазливост “, изјави државниот секретар за европски прашања Климент Боун за јавната телевизија Франс 2.