8 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Коронавирус: Политичарите премногу ветуваа, премалку остварија

Најчитани вести

Локдаунот нема крај, вакцини има премалку, владее хаос во давањето термини за вакцинација – Германците го губат трпението, владее општо разочарување. Вина за ова сноси и политиката, смета Сабине Кинкарц.

Почетокот на годината по правило носи нови планови: одмор, патувања, семејни прослави, покани, во воздухот лебди полет. Посебно по една година во која сѐ беше поврзано со пандемијата на коронавирус. Нели политичарите лани ни ветија дека во 2021 година ќе биде сѐ подобро, кога сите ќе бидат вакцинирани?

Глупаво е меѓутоа што не ни кажаа веднаш дека сето тоа нема да оди толку брзо. Да, министерот за здравство постојано укажуваше дека на почетокот нема да оди беспрекорно. Но, истовремено во цела Германија со голема помпа се подигаа центри за вакцинација, се регрутираа лекари за вршење вакцинација, се активираа пензионирани медицинари, со статисти се правеа проби на процесот на вакцинирањето. Тоа буди очекувања, носи и разочарувања.

Предоцна искреност и транспарентнот

Она што многумина граѓани веќе го сфатија, политиката конечно го призна по вчерашниот т.н. самит за вакцинација одржан со производителите на вакцини: ќе трае уште многу долго додека сите кои сакаат ќе можат да бидат вакцинирани. Според тоа како сега стојат работите, тоа ќе биде можно дури до крајот на септември. „Нема да се случат чуда“, рече канцеларката Меркел.

Толкава искреност ќе беше подобра уште порано. Но, транспарантноста и јасните зборови не се единствените маани на Ковид-политиката. И имунизирачкиот менаџмент во првите недели често беше чиста катастрофа. По станарите на старечки домови, во Германија сега се врши вакцинирање на луѓето над 80 години. За нив вакцината е повеќе отколку надеж за крај на изолацијата, таа е чекор кој одлучува за живот или смрт.

Корона-вакцината како добивка на лотарија

Колку едноставна или комплицирана е можноста да се досегне оваа спасувачка сламка, во федерално структуираната Германија зависи од местото на живот. Сојузните покраини ја организираат вацинацијата во сопствена режија, па одделни од нив испраќаат писма со закажани термини за вакцинирање, додека во други, без напредни познавања на интернетот или огромна стрпливост при преоптоварените телефонски линии, тешко може да се закаже термин.

Потранспарентно и поедноставо обезбедување термини за вакцинација сега треба да се постигне со т.н. Национален план за вакцинирање, кој исто така можеше да биде направен уште пред повеќе месеци.

А тоа секако не менува многу во лиферувањето вакцини. Најмалку до крајот на март скапоцената вакцина во Германијаа ќе биде ретко добро. Пред средбата кај канцеларката, се инсистираше претпријатијата да се обврзат да произведуваат повеќе вакцини. Но, производителите ѝ приредија студен туш на политиката: продукцијата на вакцини е комплициран и опсежен процес, потребни се повеќе месеци за зголемување на производството.

Локдаун без долгорочна перспектива

А што е со локдаунот? Политиката треба час поскоро да развие планови за период подолг од следните четири недели. Што ќе биде во иднина со училиштата и вработените во културата, продавниците и претпријатијата? Постојано наново поставуваните рокови кои потоа се пролонгираат предизвикуваат само несигурност. Неможноста за планирање ги исцрпува луѓето. Итно мора да им се даде перспектива.

Наместо да се одредуваат неодржливи термини, како следниот – 14 февруари, ограничувањата треба да се поврзат цврсто со инциденцијата, односно со бројот на нови инфекции на 100.000 жители за седум дена. Сојузната покраина Долна Саксонија разви ваква стратегија. Таа предвидува укинување на рестрикциите во повеќе степени, зависно од регионалниот број на случаи на коронавирус. Ваков план многу повеќе ќе ги мотивира луѓето за да дадат свој придонес во сузбивањето на пандемијата. Така се будат очекувања кои колективно може да се достигнат.

Политичарите мора да внимаваат да не ја загубат довербата на граѓаните. Според најновите анкети на јавното мислење, само секој втор Германец е задоволен од начинот на кој власта ја менаџира борбата против пандемијата на коронавирус. Поголема искреност, повеќе храброст за на граѓаните да им се пренесат фрустрирачките вистини, е тешко. Но, граѓаните ќе ги прифатат ако политичарите имаат разумен план и нудат смерници. Кога на крајот на тунелот се насетува светлина, се буди надеж. Но, дотаму сега е уште многу далеку, тунелот е уште многу долг. Кој тврди спротивно, само буди очекувања кои не се реално остварливи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести