-6.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Корисниците на Инстаграм ќе мора да гo потврдат датумот на раѓање

Најчитани вести

Инстаграм ќе почне да бара од корисниците да гo потврдат својот датум на раѓање, како дел од напорите да се создадат нови безбедносни одлики за младите луѓе, објави вчера компанијата Фејсбук.

Инстаграм, имено, работи на верзија на апликацијата за деца под 13-годишна возраст, а американските правници побараа од Фејсбук да ги отфрли тие планови, објаснувајќи дека постојат „јасни докази дека не успеале да ги заштитат децата“ на своите платформи. За ова, Инстаграм објави дека „ќе ги обезбеди вистинските искуства за правата возрасна група“.

Кога отвораат профил на Инстаграм, сега корисниците ќе мора да го внесат својот датум на раѓање. Промените ќе важат и за оние корисници кои претходно не споделиле датум на раѓање на поставките на профилот на Инстаграм.

Инстаграм додаде дека се свесни дека некои корисници би можеле да внесат лажен датум на раѓање и развива нови технологии за решавање на ваквите проблеми.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com