Марсеј ќе го земе Кореа на позајмица за 2 милиони евра, со опција од доплата на 10 милиони евра да го откупат целосно.
Откупот би станал обврзувачки доколку Марсеј се пласира во Лигата на шампионите.
Утре треба да бидат поминати медицинските тестови и трансферот да биде комплетиран.
Местото од Кореа, Интер ќе го пополни со искусниот Алексис Санчез кој во Милано ќе пристигне како слободен играч.