35.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Копа по контејнери за да се прехрани и тоа од чисто задоволство: Еве како изгледа нејзиното дневно мени

Најчитани вести

39-годишната Иде Мик Габан, наставничка по математика од Даблин, открила дека 2 месеци преживувала само на храна од контејнери.

Како што вели таа, шета низ својата населба и пребарува контејнери за да ја намали вкупната фрлена храна во својот град и со тоа си обезбедува 3 оброци дневно, а покрај сето тоа и заштедува пари.

За себе вели дека е „еколошки воин“ и дека јаде сè што ќе најде – овошје, зеленчук, месо, готови оброци и чоколади. Ваквиот начин на живот се нарекува „фриганизам“ што во основа значи „присвојување и јадење на фрлена храна“.

„Само за еден месец заштедив 700 фунти благодарение на контејнерите“, вели Ида која инаку е во брак со 38-годишниот научник Кјаран. Тој не се храни како неа, но не му смета што Ида јаде храна од контејнери.

„Јас отворено зборувам за тоа, дури и на работа. Често кога ќе најдам добри закуски како крофни, ги носам на работа и оставам знак дека се бесплатни, но и дека се од контејнер. Многу луѓе се згрозени од тоа, но не гледам зошто“, вели наставничката, додавајќи дека добива згрозени погледи и од случајните минувачи додека пребарува храна по контејнерите.

Еве како изгледа нејзиното дневно мени:

Појадок: Пециво со поминат рок на траење.
Ужина: Овошна салата.
Ручек: Бајат готов сендвич кој го тостира.
Вечера: Фрлен ориз или паста со зеленчук или готов оброк.
Десерт: Топло чоколадо со фрлено млеко во прав на кое му прошол рокот.

„Најлошото на кое што можете да наидете е згужвана амбалажа од јогурт кој истекол или такво нешто. Не копам по секој контејнер, само по контејнерите на супермаркетите кои фрлаат храна“, вели Ида, додавајќи дека во својот начин на живот гледа само предности бидејќи е еколошки поприфатлив, ја спасува фрлената храна и истовремено заштедува многу пари.


Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести