23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Копа Либертадорес: Ривер го „уби“ Палмеирас, ама Бразилците се финалисти

Најчитани вести

Вистински фудбалски спектакл приредија синоќа аргентински Ривер Плата и бразилски Палмеирас во полуфиналето на Копа Либертадорес.

Аргентинскиот тим со 2-0 славеше во Бразил, но не стигна до финалето затоа што Палмеирас на првиот меч триумфираше со 3-0. Аргентинците има за што да жалат затоа што во 52 минута постигнаа и трет погодок кој по ВАР асистенција беше поништен поради офсајд.

Ривер потполно го надигра противникот и со головите на Рохас во 29 и Боре во 44 минута му зададе силен удар на противникот. Сепак на патот кон комплетно анулирање на предноста од првиот меч на Палмеирас ги спречи црвениот картон на стрелецот Рохас, во 73 минута.

Противник на Палмеирас во големото финале ќе биде подобриот од аргентинско-бразилскиот двобој Сантош – Бока јуниорс.

По првиот меч одигран во Аргентина резултатот е 0:0.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести