5 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Копарот лечи многу болести

Најчитани вести

Копарот е средство за лекување на хронични срцеви болести, за превенција на ангина пекторис и за елиминирање на цревните грчеви и болки.

Поради своето богатство на аскорбинска киселина и железни соли, копарот е незаменлив при здравствената исхрана на болните од анемија, на заздравување по тешки повреди.

Напивките од свеж и сушен копар можат да се употребуваат во третманот на почетните форми на хипертензија, бидејќи копарот го намалува крвниот притисок за сметка на некое проширување на крвните садови, ги зајакнува неговите ѕидовите, и го зголемува лачењето на урина.

Калиумови соли кои се содржат во ова растение вршат антиаритмично влијание врз срцевиот ритам, ги засилуваат и ублажуваат активностите на срцето, подобрувајќи ги метаболичките процеси во срцевиот мускул. Ако, пак, страдате од ненаспаност и несоница, само една лажичка од сувиот зачин, усвоен половина час пред јадење ќе ви делува смирувачки.

Семето од копар пак го зголемува апетитот, го зголемува лачењето на жолчка, ги отстранува отоците на цревата. Копар во комбинација со други медицински растенија се користи во лекувањето на болестите на респираторниот систем, го зголемува создавањето на млеко кај мајките доилки.

При отоци, грчеви и болки во цревата се употребува на следниот начин: една лажица копар се промешува во една чаша врела вода, се пие два пати на ден пред јадење.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести