Home » Концерт на Blla Blla Blla… во Ла Кања

Концерт на Blla Blla Blla… во Ла Кања

by Lina Muslija

Вечерва со почеток во 21:00 часот во локалот „Ла Кања“ во Турската Чаршија, свој концерт ќе одржи скопскиот бенд „Blla Blla Blla“.

Формирани во 1988 година во време на политички пресврти, конфликти и напори за создавање нови граници, членовите на „Blla Blla Blla“ … ја формираа својата креативна основа на темелите на уметничкиот активизам и отпорот кон нездравата животна средина.

Нивната музика е е мешавина од рок ритми, со виолина како главен инструмент и експресивен, силен вокал. Бендот има уникатно сценско шоу кое совршено се вклопува со нивната музика. „Blla Blla Blla“ се: Идриз Амети (вокал), Кренар Исмаили (виолина, вокал), Влатко Јаневски (бас) и Димитар Петров (тапани).

Влезот е на база на донации.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More