25.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Концерт на Фоивос Девлиоријас вечер во МКЦ

Најчитани вести

Во рамки на Фестивалот на грчки филм и култура, еден од најпознатите грчки музички бендови во последните години, бендот на Фоивос Деливоријас, вечер ќе одржи концерт во Клуб ресторанот МКЦ.

Тие имаат специјален репертоар за оваа прилика и ќе свират филмска музика од познати грчки филмови. Покрај уникатната можност на едно место да се погледнат повеќе нови одбрани грчки филмови, на концертот на познатиот грчки музичар и текстописец ќе се изведе посебен перформанс пред скопската публика. Публиката ќе има можност да ужива во неповторливата изведба на филмска музика од познати грчки филмови.

Станува збор за песни кои се дел од  Дасиновата „Фаедра“, „Ремпетико“ на Фери, Казановиот „Америка Америка“, „Јастог“ на Лантимос или од старите популарни грчки мјузикли и филмовите на Тео Ангелопулос, кои го водат слушателот на имагинарно патување во филмска индустрија, која патувала надвор од границите на Грција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести