20.8 C
Skopje
Saturday, September 18, 2021

Концерт на триото „Пендерецки“ на традиционалната Полска вечер на Охридско лето

Најчитани вести

Во рамките на традиционалната Полска вечер на фестивалот Охридско лето, вечерва, во црквата „Света Софија“, со почеток во 21 часот, ќе се одржи целовечерен концерт на пијано-триото „Пендерецки“.

Ќе настапат Конрад Сколарски на пијано, виолинистот Јарослав Наджицки и виолончелистот Карол Марјановски, кои ќе изведат дела од Јозеф Хајдн, Сергеј Рахмањинов и Клод Дебиси.

Иако постојано настапуваат или снимаат, секој од музичарите настојува да има независна кариера, па, така, секој од нив остварува соработки со исклучителни музичари, како: Алфред Брендл, Гунтер Пихлер, Герхард Шулц, Валентин Ербен, Хаиме Мулер, Павел Гилилов и квартетот „Артемис“. Како солисти настапуваат со реномирани диригенти, меѓу кои: Кшиштоф Пендерецки, Михаил Јуровски, Џо Ан Фалета, Лукаш Борович, Валериј Гиергиев, Максим Венгеров, Кристијан Јарви, Џанкарло Гуерреро, Сергеј Смбатјан, Масимилијано Калди и Пол Гудвин. Настапуваат со врвни светски оркестри, како Лондонската филхармонија, Кралската филхармонија од Лондон, симфонискиот оркестар МДР и оркестарот „Симон Боливар“ од Венецуела.

Добитници се на многубројни награди на натпревари, но и нивните снимени изданија добиваат многубројни признанија од стручната музичка јавност. Така, добитници се на наградата „Суперсоник“, која ја доделува германското музичко списание „Пицикато“, наградени се со дури 5 „Златни дијапазони“ од страна на француското списание „Дијапазон“, а неколкупати се номинирани за полската награда „Фредерик“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com