Home » Концерт „Монолог на тагата” со Дијана Имери Илкоска и „ID Chamber Orchestra”

Концерт „Монолог на тагата” со Дијана Имери Илкоска и „ID Chamber Orchestra”

by Журнал.мк

Во Камерната сала на Филхармонија вечер со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт насловен „Монолог на тагата”, во изведба на диригентката Дијана Имери Илкоска и камерниот оркестар „ID Chamber Orchestra” составен од врвни уметници.

На концертот ќе настапат реномираните гости кларинетистот Игор Бакревски, флејтистката Будимка Имери и актерката Симона Спировска која ќе интерпретира текст од авторката Тина Иванова напишан специјално за оваа пригода.

-На програмата се дела од композиторите Јан Сибелиус и Густав Холст кои ќе отсликаат еден уникатен емотивен пејзаж, а публиката може да очекува впечатлива вечер исполнета со многу музика и интимна нарација . Сето тоа ќе претставува едно навистина несекојдневно доживување за публиката, стои во најавата за концертот.

Дијана Имери Илкоска бележи бројни успеси со нашата Филхармонија, бројни ансамбли и состави, Оркестарот на НОБ, Симфонискиот Оркестар и Хор на Бугарското Национално Радио, Дубровачкиот Симфониски оркестар и многу други. Неодамна излезе и нејзиниот нов албум наречен „Филхармонија во срцето” за дискографската куќа Контемпо каде со Камерниот Оркестар на Филхармонија изведува дела од Аренски, Зографски и Дворжак.

Концертот е поддржан од Министерството за култура, а влезот е слободен.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More