-8.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Концерти “Musica Viva во чест на 55 години ФМУ” во Музеј на македонската борба

Најчитани вести

Концертната серија „Musica Viva во чест на 55 години ФМУ“ како дел од одбележувањето на 55 години од основањето на ФМУ – Скопје, кои започнаа завчера ќе траат до 29 ноември.

Како што информираат од Факултетот за музичка уметност, на програмата од концертната серија која се одржува во Музејот на македонската борба се дела од светската музичка литература во изведба на студенти.

По настапот студентите од класите по гудачки интрументи, гитара, дувачки инструменти и камерна музика, на репертоарот денеска, се студентите од класите по соло пеење и корепетиција, а во понеделник од 20 часот студентите од класите по пијано.

Во рамки на одбележувањето на 55 години од своето основање Факултетот за музичка уметност започнува и со циклус предавања „Научни среди“.

Предавањето ќе го отвори професор д-р Снежана Филиповска со тема „Балетската уметност како составен дел од културните збиднувања во Македонија“ на 1 декември на платформата zoom со почеток во 19 часот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com