-2.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Концепт на Mitsubishi најавува нов модел со хибриден погон

Најчитани вести

Mitsubishi на салонот во Токио кон крајот на октомври ќе претстави концепт со плагин-хибриден погон, за кого што се очекува дека ќе биде смалена изведба на погонот од Outlander PHEV. Голема е веројатноста дека хибридот ќе проработи во нова моделска изведба на купе-кросоверот Eclipse Cross.

Mitsubishi најави светска премиера на компактен СУВ со плагин-хибриден погон на претстојниот 46-ти Салон на автомобили во Токио (од 24-ти октомври до 4-ти ноември). Развиен под актуелното мото на марката „Drive your Ambition“, новиот концепт на СУВ ги спојува искуството и технологијата на Mitsubishi во погонот на сите тркала и во електричниот погон – малечкиот i-MiEV, а подоцна само Mitsubishi EV, сепак одигра многу важна улога во популаризацијата на електричниот погон.

Најавата не е придружена со конкретни податоци и информации околу моделот. Јапонците само начелно наведуваат дека концептот е замислен како „електричен СУВ што на возачот ќе му понуди единствено уживање и самодоверба при возење по секаков терен и во сите услови.“ Три клучни елементи во настапот на Mitsubishi се здружени во новиот и уште неименуван концепт: СУВ, плагин-хибриден погон и погон на сите тркала.

Од плагин-хибридниот погон што ќе биде најавен преку концептот се очекува системска моќност од најмалку 250 КС
Познавачите сепак претпоставуваат дека веќе доаѓа време за Mitsubishi да го претстави динамичниот кросовер, што беше најавен по прекинувањето на традицијата на класичните лимузуни, меѓу кои и локално суперпопуларниот Lancer – и имиџ-билдерот Lancer Evo. Најоптимистичките надежи се дека актуелниот Eclipse Cross ќе го добие погонот од концептот, во верзија што ќе постигнува системска моќност далеку над 250 КС, односно над 224-те КС на Outlander PHEV. Тоа е далеку од „Evo“, но под денешниот строг еко-надзор, сосем е доволно.

По пример на Outlander PHEV, едниот електромотор ќе биде задолжен само за задните тркала, додека предните тркала, зависно од условите, ќе добиваат погон од бензинецот – веројатно актуелниот 1,5-литарски турбо-бeнзинец од Eclipse Cross – и од предниот електромотор. Сето тоа е најдобро видливо во видеото подолу.

Значи, салонот во Токио го исчекуваме со нетрпение.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com