20.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Концептот Mercedes EQT е најава за електричен ван, но и новата T-Class

Најчитани вести

Mercedes-Benz веќе потврди дека подготвува целосно нова T-Class, а најавата за целосно новиот моноволумен е претставена во вид на концепт кој го носи иметo EQT.

Самото име навестува автомобил на електричен погон кој е блиску до конечниот изглед за сериско производство, но T-Class ќе има и конвенционална понуда со бензински и дизел мотори.

Патничката верзија на T-Class ќе биде наследник на Citan, техничката основа е направена во соработка со Renault, додека Mercedes ќе се погрижи за премиум карактерот на автомобилот, кој ќе добие луксузен ентериер и многу технологија.

Ванот е долг 4,94 метри, има лизгачки врати од двете страни, а предниот дел ќе го поврзува со EQ знаменосецот EQS.

Техничките детали за EQT не се објавени, но се очекува автономија со едно полнење до 300 километри.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести