Home Македонија Конференција „Перспективите на балканската археологија (ПеБА)“ во Охрид

Конференција „Перспективите на балканската археологија (ПеБА)“ во Охрид

by admin

Трета интернационална конференција „Перспективите на балканската археологија (ПеБА)” почнува денеска во Охрид. Во фокусот ќе биде „Механизмот на моќта во бронзеното и железното време во Југоисточна Европа”.

Интересот за научното истражување на темата елита и моќ во Југоисточна Европа почнува со откривањето на т.н кнежевски гробови и извонредните наоди пронајдени на некрополатаТребениште и висорамнината Гласинац кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Овој тип погребувања постојано се поврзуваат со сличен феномен во Централна Европа за кои биле користени различни пристапи за нивно објаснување, информираат од Археолошкиот музеј во Скопје.

Конференцијата е во организација на врвни научници од областа на археологијата од Европа и тоа д-р Марио Гавранович од Австриската академија на науки во Виена, д-р Даниела Хајлман од Универзитет Лудвиг Максимилијан во Минхен, д-р Марек Верчик од Институт за класична археологија при Карловиот Универзитет во Прага во соработка со м-р Перо Арџанлиев од Археолошкиот музеј во Скопје.

Воведно обраќање на отворањето на конференцијата ќе има проф. д-р Христо Попов, директор на Националниот археолошки институт и музеј при БАН во Софија, Бугарија. Меѓу учесниците на третата по ред ПеБА има претставници од Австрија, Албанија, Белгија, Бугарија, Германија, Грција, Италија, Србија, Турција, Хрватска, Чешка, Швајцарија и Северна Македонија.

Претходните две вакви конференции се одржаа во 2016 година во Сараево и во 2017 година во Белград. Настанот е поддржан од Универзитетот за информатички науки и технологија „Св.Апостол Павле” во Охрид, Општина Охрид и Дебарско-кичевската епархија

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More