12.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Конференција во Охрид во рамки на подготовките за вежбата „Македонија 2021″

Најчитани вести

Подготовките вклучуваат посета на НАТО главниот планирачки тим и истовремено реализација на Финалната планирачка конференција за претстојната вежба.

Во рамки на подготовките за вежбата „Македонија 2021″ што во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (ЕАДРЦЦ) ќе се одржи во септември годинава на подрачјето на Охрид и Струга, денеска ќе се одржи финална планирачка конференција во Охрид.

Како што најавија од Центарот за управување со кризи, на конференцијата воведни обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, координаторот на вежбата од страна на НАТО, Вим Ванхаме, военото аташе на САД во земјава, полковник Питер Ровел и директорот на вежбата од страна на Македонија, д-р Урим Вејсели.

Инаку, како што стои во соопштението од ЦУК, подготовките вклучуваат посета на НАТО главниот планирачки тим и истовремено реализација на Финалната планирачка конференција за претстојната вежба. Настанот е во коорганизација на NATO ЕАДРЦЦ и Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во подготовките и Финалната планирачка конференција учествуваат претставници на повеќе институции од Системот за управување со кризи и членови на НАТО главниот планирачки тим.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com