15.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Конференцијата за женското претприемништво „Од марш за работнички права до дигитална економија“

Најчитани вести

Конференцијата за женското претприемништво „Од марш за работнички права до дигитална економија“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Центарот за управување со промени (ЦУП) под покровителство на сопругата на претседателот на Република Северна Македонија Елизабета Ѓоргиевска.

Како што најавуваат организаторите, на форумот ќе се обратат жени од различни институции, компании и здруженија. Форумот се организира во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“, поддржан од Balkan Trust for Democracy и USAID.

Конференцијата има за цел да влијае на зајакнување на женското претприемништво преку дискусија за постоечките мерки за поддршка на женското претприемништво и потребата за владина поддршка преку креирање сет мерки за зајакнување економската улога на жената и дигиталната трансформација на женските бизниси, навбедуваат од ЦУП.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com