-2 C
Skopje
Monday, March 1, 2021

Конте: Јувентус е сосема друга димензија

Најчитани вести

Интер го доживеа првиот пораз во Серија А, откако синоќа на домашен терен загуби од шампионот Јувентус со 1-2. Гонзало Игуаин во финишот ги разочара фановите на Интер постигнувајќи го победничкиот погодок.

Тренерот на „нероаѕурите“, Антонио Конте, му оддаде признание на шампионот.

„Јувентус е сосема друга димензија, не треба да се споредуваме со нив. Ние го достигнуваме максимумот ако возиме со 200 на час, а тие возат мирно и константно. Не е исто. Ние моравме да бидеме подобри во финишот од мечот. Јувентус покажа дека е одличен тим, а нашите момци го дадоа максимумот. Ќе извлечеме поуки и ќе се подобриме на следните мечеви“, изјави Антонио Конте.

Јувентус сега има еден бод предност пред Интер на врвот на табелата во Серија А.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести