22.8 C
Skopje
Wednesday, August 4, 2021

Конте пред супер тешката недела за Интер: Ќе имаме проблем…

Најчитани вести

Составот на Интер ја победи Сампдорија со 3-1 и ја продолжи одлична серија на резултати во домашниот шампионат каде имаме максимални 18 бода по шест одиграни кола.

Меѓутоа време за одмор нема и нареднава седмица дефинитивно ќе биде пеколна за „нероаѕурите“ кои ги очекуваат две супер тешки натпревари. Прво е дуелот со Барселона во Лигата на шампионите за да потоа дојде и големата битка со Јувентус во Серија А.

Тренерот Антонио Конте е свесен дека ќе им треба многу енергија, интензитет за двете средби, па порача:

-Мораме да ја повратиме нашата енергија за да имаме интензивен меч за да можеме да и направиме проблеми на Барселона. Не мора да ви ги кажам противниците со кои се соочуваме. Ако сакате да ѝ направите проблем на Барселона, мора да одиграте интезивен натпревар, но во исто време мора да бидете добри во ограничувањето и да не им дозволите да играат, инаку станува проблем. Исто така, мора да бидете добри во дриблинг и градење. Овој почеток во лигата е резултат на толку многу работа и многу подготвеност од страна на момчињата, -рече предводникот на клубот од Милано.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести