30.8 C
Skopje
Wednesday, July 28, 2021

Конте: Не очекува тешка работа, Јувентус и Наполи и понатаму се подобри од Интер

Најчитани вести

Интер во последното коло од Серијата А на свој терен играше дерби против Јувентус и запиша пораз од 2:1.

Неразурите така го запишаа првиот пораз за оваа сезона и веднаш го загубија првото место на табелата кое го држеа од почетокот.

Антонио Конте ова лето го превзеде Интер и одлично стартуваше, но смета дека Интер и Милан мора многу да работат за да можат да дојдат на нивото на Јувентус и Наполи.

„Мислам дека верувањето ништо нема да ги чини навивачите на Интер, Наполи и останатите тимови“, рече Конте за еден италијански медиум.

„Тогаш морате да бидете објективни и да ја гледате стварноста. Го кажав моето мислење на почетокот, во споредба со нас постојат две екипи, Јувентус е на врвот, а потоа е Наполи, кои го градат тимот веќе неколку години.“

„Оваа празнина постои, но започнавме свое патување низ работата и сериозноста, за со текот на времето да напредуваме и да станеме конкурентни за да ги задоволиме навивачите.“

„Од оваа точка на гледање, мораме да бидеме храбри со јасна визија за сегашноста. Знам само за еден збор за Интер, а тоа е РАБОТА, тешка работа за да пробаме да станеме херои“, додаде Конте

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести