23 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Конте на средбата со Рама: Опозицијата да седне на маса без условувања, во интерес на евроинтеграцијата

Најчитани вести

Италијанскиот премиер Џузепе Конте ја повика албанската опозиција да седне на маса со владејачкото мнозинство, без условувања, со цел да се надмине политичката криза и усвојувањето на изборните реформи, што се во полза на европската интеграција на земјата.

– Останува да се види решението на политичката криза во Албанија за да се комплетира процесот и да се имаат сите документи на следната средба на која ќе бидат повикани земјите-членки да го дадат својот став за проширувањето. Она што можам да го гарантирам е дека Италија ќе биде прва што ќе ве поддржи. Верувам дека ЕУ има голема одговорност и не може да го прекине овој пат, ниту пак да го одложи, изјави Конте на заедничката прес-конференцја во Рим со неговиот албански колега Еди Рама.

И германскиот Бундестаг усвојувањето на изборните реформи го посочува како неопходен услов за унапредување на процесот на интеграција на Албанија во ЕУ.

Премиерот Рама истакна дека е одлучен оти Албанија ќе продолжи на патот кон интеграцијата во ЕУ.

– Имаме моќни пријатели и партнери, како Италија. Ќе продолжиме да одиме по овој пат како што правевме и досега, нагласи Рама.

Двајцата премиери на двочасовнот работен ручек, според албанските медиуми, разговарале за „повеќе актуелни прашања меѓу двете земји“.

На прес-конференцијата премиерот Конте информирал дека наскоро ќе биде формирана постојана економска комисија за да им помогне на италијанските компании кои работат во Албанија. Тоа, рекол тој, ќе биде мост на комуникација меѓу нив и албанската администрација, како и да се идентификуваат можностите на италијанските инвеститори во Албанија.

Исто така, бил постигнат договор меѓу двете држави за трансфер на албанските затвореници од Италија во Албанија. Според официјалната статистика, заклучно со 31 декември 2018 година, во италијанските затвори се наоѓаат 2.568 Албанци, кои по бројност се втори, по Мароканците.

На средбата е договорено да почне постапката за признавање на пензиите на албанските емигранти во Италија.

Посетата на Рама на Италија се случува откако Европската комисија одлучи да го одложи датумот за отворање преговори за пристапување на Албанија во Европската унија на 18 октомври. Еден ден претходно Конте престојуваше во Тирана, каде јасно ја изрази силната поддршка на Италија за Албанија на патот кон ЕУ.

Последната официјална посета на премиерот Рама на Рим беше во октомври 2017 година кога на чело на италјанската влада беше премиерот Паоло Џентилони.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести