35.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Конте му смисли нов прекар на Лукаку по фантастичното деби во Серија А

Најчитани вести

Антонио Конте имаше многу причини за задоволство по првиот меч во сезоната во Серија А, бидејќи неговиот Интер славеше со високи 4:0 на домашниот „Џузепе Меаца“ против тимот на Лече.

Новиот проект на тимот од Милано стартуваше амбициозно и со четири погодоци во мрежата на противникот, но покрај ремек-делото на Кандрева, посебен впечаток остави погодокот кој го постигна најскапото засилување. Ромелу Лукаку се запиша во листата на стрелците и на дебито го постигна првиот гол во Серија А, но Конте е задоволен од комплетното издание на неговиот напаѓач, на кого му смисли и нов прекар по мечот.

– Лукаку влезе во светот на Интер на најдобар можен начин, со огромна почит и смиреност. Тој е нашиот „нежен гигант“, секогаш е насмеан, напорно работи за тимот и им стои на располагање на сите играчи. Не треба да се заборави дека Лукаку не чини 65 милиони, но таа сума ќе биде плаќана пет години. Затоа, кога луѓето зборат дека многу скапо го плативме, треба да знаат дека во дадениот случај не излегува толку многу. Со оваа партија, Лукаку ни докажа зошто толку се боревме за него, – нагласи Конте кој го пофали цел тим за прикажаното на првиот меч.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести