Вечерва се игра првиот полуфинален дуел во Купот на Италија, Интер го пречекува Јувентус од 20-45 часот на „Џузепе Меаца“.
Антонио Конте смета дека за победа против тим како Јувентус мора грешките да се сведат на минимум, тоа е рецептот за победа во Купот на Италија.
„Јувентус ќе сака да ни се реваншира за поразот во првенството, ние сме подготвени за овој натпревар, но за да го победите Јувентус треба грешките да ги сведете на минимум, ние ќе ја играме нашата игра и се надевам на успех“ – изјави Конте.
Ова прв полуфинален меч, се играат две средби во полуфиналето, Интер ќе настапи без казнетиот Ромелу Лукаку.