17.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Консумирањето на оваа храна ве прави да се чувствувате уморно

Најчитани вести

Одредена храна што ја јадете може да ве подигне и разбуди, додека друга ќе придонесе за замор. Не се работи само за брза храна и јадење во изобилие. Некои видови храна што ги сметаме за здрава храна, исто така може да придонесуваат за чувството на тромавост и замор.

Ако се чувствувате уморно и чувствувате дека воопшто не можете да се наспиете, размислете да го ограничите внесувањето одредена храна во текот на денот.

Леб

Јаглехидратите предизвикуваат брз скок на нивото на гликоза во крвта, поради што може да добиете ненадеен наплив на енергија.

Но, кога нивото на гликоза повторно ќе се намали, најверојатно ќе доживеете пад на енергија што ќе го поттикне заморот.

За тромоста особено придонесува белиот леб, додека лебот од цели зрна е помалку веројатно да биде причина за замор.

Цреши

Ова овошје е природно богато со мелатонин кој ги контролира циклусите на спиење и будење.

Дополнителна доза на мелатонин може да испрати сигнал до телото дека е време за спиење, затоа јадете ги црешите како десерт или јадете ги после вечера.

Темно чоколадо

Иако темното чоколадо содржи кофеин, сепак содржи и серотонин, невротрансмитер кој може да ви помогне да се опуштите.

Интересно е што млечното чоколадо не содржи серотонин и всушност може да ви помогне да бидете побудни.

Мисиркино месо

Посните протеини како мисиркино месо, риба, пилешко и сирење со малку маснотии се богати со триптофан, амино киселина која го зголемува нивото на серотонин.

Банани

Калиумот и магнезиумот во бананите се одговорни за чувството на летаргија и замор. Тие ви помагаат да ги опуштите мускулите и да ве испратат во земјата на соништата.

Наместо тоа, посегнете по портокал бидејќи мирисот на цитрус може да помогне да се зголеми енергијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com