33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Конкурс за детски уметнички дела инспирирани од Струга

Најчитани вести

Граѓанската иницијатива „Награда за чиста Струга“ во соработка со ателје „Нестор“ почна месечен ликовен натпревар за ученици од 6 до 15 години на теми инспирирани од убавините на Струга.

Целта, како што посочуваат организаторите, е да се охрабрат и инспирираат најмладите да го ценат и одржуваат нивниот град.

– На сите учесници ќе им биде доделен сертификат, а две дела ќе добијат награда и репродукција во форма на разгледница. Делата ќе бидат избрани во две категории, на возраст од 6 до 10 години и од 11 до 15 години, соопшти иницијативата „Награда за чиста Струга“.

Можат да бидат изработени во било која големина и техника (цртеж, со молив или со боја) и со податоци од авторот да бидат доставени секој месец пред 20-ти, во ателје „Нестор“, кое се наоѓа на вториот кат од Градскиот пазар во Струга. Сите пристигнати дела предвидено е да бидат претставени на изложба во декември годинава.

– Секое дете може да поднесе само едно дело месечно, но истото дете може да учествува повторно во наредните месеци. Сите деца ќе можат да си ги подигнат цртежите по завршување на изложбата, појаснија од Иницијативата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести