23 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Конечно откриено: Еве зошто кафето влијае врз сонот кај некои луѓе, додека на други воопшто не им пречи!

Најчитани вести

Дали сте од оние луѓе што по пиењето кафе имаат проблеми со сонот или лесно заспивате како да не сте ни испиле кафе?

Дали некогаш сте се запрашале зошто кофеинот влијае различно на луѓето?

Шкотски научници ја откриле причината зошто некои луѓе ги држи будни, додека кај други нема никакво влијание.

Станува збор за посебна варијација на генот PDSS2 што некои луѓе ја имаат, а други не. Токму тој ген влијае врз начинот на кој телото го разградува кофеинот, а тоа потоа влијае и врз задржувањето на кофеинот во телото.

Во истражувањето спроведено во северна и јужна Италија биле испитани повеќе од 1.000 луѓе, додека во Холандија учествувале повеќе од 1.700 луѓе. Сите испитаници пополниле прашалник во кој напишале колку кафе пијат дневно.

Научниците дошле до резултат дека тие што пиеле помалку кафе имале и одредена варијација во генот. Кај нив кофеинот побавно се разградувал, а со самото тоа подолго останувал во телото и подолго го држел будно.

Од друга страна, тие што го немаат овој ген имаат потреба да пијат кафе повеќе пати дневно.

Освен овој ген, на задржувањето на кофеинот во телото влијае и тоа каков метаболизам имате и дали сте пушачи.

Доколку пушите, тогаш ќе имате потреба да пиете повеќе кафе. Важно е да внимавате на количината испиено кафе дневно, но и на последиците што може да ги има тоа на организмот. Ако кафето ви предизвикува треперење или забрзано срцебиење, време е да ја намалите количината.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести