9 C
Skopje
Sunday, March 7, 2021

Конгресот ги осуди расистичките коментари на Трамп, поднесено е и барање за импичмент

Најчитани вести

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со резолуција ги осуди наводните расистички коментари на претседателот Доналд Трамп, кој, според резолуцијата, тој ги упатил кон членките на Конгресот кои потекнуваат од малцинските заедници.

За резолуцијата гласале сите демократи и четворица претставници на републиканците, односно истата била усвоена со 240 гласа, пренесуваат светските агенции.

Со неа остро се осудуваат, како што се наведува, „расистичките коментари на Трамп кои го зголемиле стравот и омразата кон новодојдените Американци и луѓето од други раси“.

Трамп неодамна преку „Твитер“ на четири демократски претставнички им порача дека треба да се вратат во земјите од каде што дошле, а во текот на вчерашната расправа демократскиот конгресмен Ал Грин побаа импичмент на претседателот.

Трамп и натаму стои зад својата изјава и на „Твитер“ порача дека конгресмените кои не се задоволни од САД можат слободно да си заминат.

Конгресменот од Тексас, Ал Грин, го обвини претседателот поради ваквите коментари и побара гласање за импичмент на Трамп.

Како што пренесуваат агенциите, гласањето може да се случи во текот на неделава.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести