17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

Компаниите во Грција ќе ги пријавуваат резервите на одредени прехранбени продукти

Најчитани вести

Резервите на одредени прехранбени продукти како што се житарици, пченица, пченка, овес, ‘рж, јачмен, брашно, сончогледово и растително масло, компаниите во Грција ќе треба да ги пријавуваат на конкретна електронска платформа за да се избегне нелојална конкуренција, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретниот амандман веќе е изгласан во грчкиот Парламент, а министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгиадис рече дека обврската се однесува на сите трговци кои се активни во синџирот на производство, увоз, трговија, продажба, посредување, дистрибуција на конкретните производи, а процедурата е идентична како онаа на почетокот на пандемијата кога се однесуваше на маски и антисептици, со цел Владата да ги знае точните резерви во земјата.

Поради војната во Украина, за државата да има целосна слика дека постојат доволно производи и пред сè да не се дозволи некои да предизвикаат вештачки недостиг на пазарот и со овој вештачки недостиг да се збогатат или со црн пазар или со големо вештачко зголемување на цената, повеќе отколку што е предизвикано од меѓународната криза. Значи, на овој начин имаме можност да знаеме што точно има секој – рече Георгиадис и истакна дека амандманот не значи дека постои недостиг на производи, туку целта е заштита на потрошувачите.

Паралелно, за компаниите што нема да ги пријават резервите, а постојат, предвидено е запленување на продуктите и казна што ќе биде до 100 илјади евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com