Како што наведуваат од Министерството, нивна Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС во првите шест месеци од годинава извршила надзор во четири основни судови во државата – во Берово, Крушево, Кратово и Куманово, а главните забелешки се однесуваат на нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување, како и изземање на судии од АКМИС, недоволен број судии во помалите судови, недоволен број информатичари, немање соодветен архивиски простор, нефункционалност на тонското снимање на рочиштата…Ова е втор ден по ред како Министерството за правда, преку писмени соопштенија, го прозива Судскиот совет, барајќи од него да постапува согласно законските надлежности. Вчера на релација Правда – Судски совет имаше неколку преписки, а тема беше мислењето на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје – в.д. претседателката на кумановскиот суд, судијката Снежана Манев, повторно да има право да полага психолошки и тест за интегритетПовеќе пропусти констатирала Комисијата за надзор на функционалноста на Автоматскиот компјутерски систем за управување со судските предмети (АКМИС) на Министерството за правда по извршениот надзор во неколку судови во државата, соопштија денеска од Министерството.
Седница на Судскиот совет (лево) и министерот за правда Кренар Лога (десно) / Фотоколаж. „360 степени“ За пропустите оттаму го прозваа Судскиот совет, кој е надлежен за контрола и проверка на судовите. На ова сугерира насловот, како и првата реченица од соопштението на Правда:
„Пропусти на Судскиот совет, констатираше Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС во судовите“.
Како што наведуваат од Министерството, Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС во првите шест месеци од годинава извршила надзор во четири основни судови во државата – во Берово, Крушево, Кратово и Куманово.Состојбите, односно пропустите кои ги констатирала, од Правда ги сумираат во неколку точки, а главните забелешки се:„Бројот на судии е значително намален што неминовно се одразува на ажурноста на судот“,е наведено во записникот.
„Претседателот на судот (Снежана Манев н.з.) ни достави фотокопија од одлуки за исклучување и повторно вклучување на судија од АКМИС. При разгледувањето на одлуките беше забележано дека во една одлука (одлуката е замаглена со црн флор, н.з.) се задолжува раководителот на одделението за информатика да го постави како ‘судија носител’ судијата (името е замаглено со црн флор, н.з.) бидејќи поседува безбедносен сертификат и предметот да биде распределен на именуваниот судија иако со проверка во листата на лица со безбедносен сертификат има уште двајца судии кои поседуваат ваков сертификат. На претседателот на судот му се укажа дека во овој случај направил рачна распределба на предмет што е недозволива според обврската за случаен избор на судија“,се наведува во записникот од надзорот на кумановскиот суд.
Иста ситуација била забележана и во друг предмет, а претседателката на Судот на ова дала забелешка дека во кривичното одделение двајца од тројца судии имале безбедносен сертификат и според годишниот распоред на судии не постапувале како судии на претходна постака. Таа, според записникот, навела дека по укажувањето на надзорната комисија и по добивање безбедносен сертификат за уште еден судија, е покрената постапка за измена на годишниот распоред за работа со што ќе се обезбедела автоматска распределба и на овој вид предмети.Сепак, од Комисијата е наведена следната препорака до кумановскиот суд:„Се задолжува претседателот на Судот целосно да ги почитува законските одредби за исклучување и вклучување на судии од АКМИС и изземањата да ги врши само врз основа на уредно доставено барање за изземање“.
Во останатите препораки од Основниот суд во Куманово се бара задолжително тонско снимање на расправите, расчистување на архивскиот простор, а втора година по ред се задолжуваат претседателите на судовите „да се погрижат за организирање на обука пред се на информатичарите преку Академијата за судии и јавни обвинители“. Една од препораките е и да се достави барање до Судскиот буџетски совет за одобрување средства за набавка на скенери.Судот во Берово нема информатичарОсновниот суд во Берово, пак, како што се наведува записникот од надзорот во овој суд, нема информатичар од јули 2021 година, а нема ниту службено возило. Зградата на Судот е стара и потребно и е реновирање, а како архива се користи една од двете судници, која поради чести поплави е оштетена.Освен што нема информатичар, во Судот не функционира тонското снимање на рочиштата, па во однос на овие состојби се движат и препораките на Комисијата на Министерството за правда.Во однос на употребата на АКМИС, Комисијата била известена од в.д. претседателот на судот дека сите предмети се распредуваат преку овој систем и оти нема одлука за рачна распределба на предмети. Сепак, се нотира дека судот нема организирана и систематска обука на вработени за користење АКМИС.