21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

КОМЕНТАР НА 24.КОЛО: Пораз кој ќе ги БОЛИ сите вардарци долго, долго време…

Најчитани вести

Сабота 20 март 2021 година. Датум кој со црни букви ќе биде запишан во историјата на нашиот најтрофеен клуб. На тој ден Вардар доживеа катастрофален пораз од Шкендија дури со 1:6. Јасно, не дека не се очекуваше дека Вардар ќе загуби со оглед на состојбите во клубот во моментов, но сепак ретко кој, речиси никој не очекуваше дека лидерот ќе одигра во “петта брзина“ и ќе му се истури на младиот Вардар со шест „парчиња“.

Ова е рекорден пораз на Вардар од Шкендија, на минатиот меч на Арената во октомври беше 1:5 за тетовци, ова е еден од највисоките порази во историјата на Вардар на свој терен.

Ова е пораз кој долго, долго ќе ги БОЛИ сите вардарци.

Со овој пораз и дефинитивно нашот најтрофеен клуб самиот се “лизга“ кон втората лига.

Реално и искрено, само ЧУДО може да го спаси Вардар од најлошото, од испаѓање во елитата. Нешто што никако не му одговара ни на мак – фудбалот. Можеш да го сакаш или мразиш Вардар, но без него ПМФЛ и не ја личи, никако.

Шкендија како Шкендија. И без Алими и Тотре успеа да наметне иницијатива, да одигра како да и е последен меч и да му “наплати“ на Вардар за сите оние разочарувања во периодот од 2015 до 2017 кога Вардар во директна битка со тетовци ја освојуваше трипати титулата во серија. Дојде време сите фрустации Шкендија дебело да ги наплати, и тоа со камата. И тоа на радост на сите нејзини фанови кои еве веќе два – три дена се во транс. Совладан е лутиот и епскиот ривал со 6:1. Каков подарок добија “балистите“ од Бесарт, од Дориев, Рамадани, Хебај и Елези, стрелците на головите за Шкенија во саботата попладне.

РАБОТНИЧКИ “ПОТКАШЛУВА“, РЕНОВА ПАЃА, “ПАНДЕВЦИ“ СЕ БУДАТ

И кога имате еден таков меч, тогаш се е споредно во ова 24.коло кое се одигра викендов. Работнички во минатите две кола на мечевите со А. Пандев и Беласица, посакуваше шест бода и конечно вклучување во битката за Европа. Но од можните 6 освои само еден бод, и тој со Беласица во Струмица кога во 90.минута се вадеше од пораз. Дали прерано почнавме да ги фалиме “романтичарите“ по оние блескави моменти со Шкупи на ФФМ?

Ренова и дефинитивно е го големи проблеми. Како никогаш досега “гипсарите“ во овие 15-16 години откако се во елитата, не се нашле во ваква ситуација да се борат за голиот живот. Веројатно во април, на гости кај Вардар ќе биде судбинската битка за тренерот Османи и неговите момци.

А. Пандев очекувано почна не само да се буди, туку дефинитивно се разбуди. Влезе во победничка серија, сега е на “безбедната“ осма позиција на табелата. Сега полесно се дише во таборот на “пандевци“ дефинитивно.

Шкупи победи на снегот во Кратово, Борец и Пелистер ремизираа без голови, а Струга Трим Лум уште еднаш не победи.

Сето ова на задоволство на Македонија ЃП, неверојатно е како му се “редат коцките“ на тимот од Ѓорче.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести