17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

КОМЕНТАР НА 22.КОЛО: “Романтично“ скопско попладне, со Тетово и Струмица никој не “завладеа“, забревтаниот Пелистер…

Најчитани вести

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Ако голманот со два примени гола во едно дерби, те спасува од катастрофа, тогаш јасно е како играл противничкиот тим и уште повеќе јасно ти е како ти си играл. Ова е за Шкупи, тим составен од голем број интернационалци, тим кој вчера на ФФМ беше просто “распарчен“ од фантастичниот Работнички. Ако не беше Кристијан Наумовски на голот на чаирчани, вчера тимот на Хасан Озер немаше да загуби само со 0:2, туку ќе претрпеше вистинска катастрофа.

А Работнички разигран, растрчан, тактички модерен, со висок пресинг, борбен, мотивиран. Едноставно настап кој треба да се оцени со највисока оценка. Ваква партија тимот од Градски парк не прикажал наназад неколку години. Ако Шкендија се “извади“, тогаш Шкупи плати за се.

Стојкоски, Лука Станковски, Ристовски, Прелчец и останатите покажаа како треба да се игра против силниот состав, барем на хартија, на Шкупи.

Се чини дека и дефинитивно дуваат нови ветришта во Градски парк.

ШКЕНДИЈА, А.ПАНДЕВ…

Шкендија иако не победи, сепак ја зголеми предноста во однос на Шкупи. Сега тетовските “црвено – црни“ во битката за титулата во пресрет на стартот на третиот круг од сезонава, имаат седум бодови плус во однос на Шкупи. Да, Шкендија веројатно ќе биде првак, но оваа Шкендија, ќе кажеме по стоти пат е далеку, далеку од шампионска екипа. Вчера на дербито за Тетово најубаво се виде. Само среќата го спасуваше лидерот од пораз.

Академија Пандев и натаму продолжува да не победува. Ретко кој можеше да претпостави дека во дербито на Струмица, составот на Александар Васоски нема да слави над Беласица. Со ова реми “пандевци“ останаа во опасната зона. Да, овој тим е премногу силен за да оди во Втора лига, но конечно овој тим мора да почне да победува. Васоски уште отсега си има главоболки за тоа што ќе се случува викендов, а тоа е гостувањето кај моќниот Работнички.

ЌЕ ГО СОПРЕ ЛИ НЕКОЈ ПЕЛИСТЕР?

Секоја чест за Работнички, но хитот во лигата во последните шест кола, две последни есенски и четири пролетни кола е Пелистер. Шест меча, пет победи и едно реми. Од можни 18 бодови битолчани освоија дури 16. Се чини дека Пелистер направи фантастична работа кога му ја даде довербата на Димитар Капинковски. Беласица, Шкендија, Ренова, Струга ТЛ и Борец паднаа под нозете на Пелистер, само Вардар се извлече со тие скопски 2:2 во првиот пролетен меч.

Секоја чест за Пелистер, составен од млади играчи кои докажуваат како се игра за својот тим.

Во недела Пелистер гостува кај Шкендија, е сега ќе видиме од што материјал е направен овој Пелистер.

Колку за потсетување, во последното есенско коло токму битолчани на лидерот му го нанесоа единствениот пораз сезонава.

Силекс е во криза, Македонија ЃП пак им се врати на победите. Кратовци ги чека пеколна пролет, впрочем како и Беласица, А. Пандев, Ренова, Вардар, Борец а и Пелистер е тука.

Значи од петтиот Работнички па надолу сите во “барабанот“, сите се кандидати за Втора лига.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести