23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Комеморација за Луран Ахмети во Албански театар

Најчитани вести

Во Албанскиот театар – Скопје денеска ќе се одржи комеморација во чест на животот и делото на актерот Луран Ахмети кој почина минатата недела, на 46 години, по компликации од коронавирусот.

Ахмети дипломирал на Факултетот за драмски уметности, а беше еден од најталентираните актери во Албанскиот театар во Скопје, каде играше во голем број претстави.

Последниве години тој се прослави по своите улоги во дел од најгледаните турски телевизиски серии, а имаше и успешна филмска кариера со улоги во филмовите „Бал-кан-кан“, „Тејкен 2“ и „Лимоната“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести