17.8 C
Skopje
Sunday, March 26, 2023

Колумна – Арсим Зеколи до Заев: Размисли за есента

Најчитани вести

Треба да се напушти праксата на кревање лажни еуфории и драми пред граѓаните и да се прифати потрезвен, реален и резервиран пристап кон процесите и нивната изведба. Колумна на Арсим Зеколи.

Од сите анкети на мерење персонални, партиски или институцинални рејтинзи, годинава би издвоил два сегмента кои на прилично прецизен начин ја отсликуваат денешницата и даваат увид за можниот правец во кој ќе се движат состојбите во есенскиот период.

Првиот пример се однесува на податокот дека 83 проценти од домашното население изразува желба/подготвеност за иселување. Податок за чија веродостојност споделував добра доза сомнеж (поради кредибилноста на изворот), но кој набргу беше надополнет со друг податок (од веродостојна анкета), според кој 79 проценти од анкетираните млади не веруваат дека ги очекува подобра иднина во сопствената земја.

Иако високиот процент на волни за иселување е несомнено шокантен за јавноста, ценам дека многу пољубопитен за анализирање е процентот на оние кои искажуваат спротивен став, т.е. преферираат да останат дома. Интересното во тој податок (17 според едната, 16 проценти според другата анкета) е што тој процент многу блиску се поклопува со бројот на вработените во администацијата (околу 140.000), и реалниот број на население од некаде 1.600.000 граѓани. Повторно, треба да се нагласи дека не станува збор за научно солидно поткрепени податоци за влечење на финални заклучоци. Ниту пак дека вработеноста во администрацијата автоматски подразбира незаинтересираност за иселување, и обратно – дека сите невработени безусловно се на листата за бегање од земјата. Но кога ќе одземете-додадете, со сите (не)научни огради, податокот за 16-17% е досега најприближниот перцептивен статистички идникатор за процентуалниот распон на клиентелизмот во општеството и (посредно) поврзаноста со гласачкиот процес доминиран од големата тројка.

Вториот пример е всушност сегмент од анкетата на една домашна телевизија за потребите на последната претседателска кампања. На поставеното прашање дали ЕУ и НАТО интеграциите треба да бидат приоритет на следниот претседател на земјата, анкетираните (поделени според социјалниот бекграунд) понудија интересен увид во односот помеѓу социјалата и политиката. Според анкетата, 55% од граѓаните со примања до 20.000 мкд се согласуват со таквиот приоритет, 64% од оние со примања помеѓу 20 и 40.000 мкд, 64,7% со примања од 40-60.000 мкд и, на крај, најсилната подршка од 70,6% отсто е кај групацијата со примања повисоки од 60.000 мкд. Настрана драматичниот расчекор во приоретизирањето на ЕУ и НАТО помеѓу оние со најниски и нависоки примања. Клучниот индикатор во таа анкета е податокот дека преломната точка на давање приоритет се одвива околу магичната сума од 30.000 мкд, или пак фамозните 500 евра плата.

Наведените податоци се битни за анализирање со цел добивање приближен увид во моменталната социјална состојба на духот на општеството. Дотолку повеќе што по две години приоретизирање на надворешната политика, владата на Заев е веќе принудена во следниот период да се ориентира кон внатрешната политика, посебно во сферата на економијата. Но доколку на надворешнополитички план самата влада стана заложник на сопствената мантра „или датум за ЕУ, или пропаст”, сѐ посилен е впечатокот дека истата ситуација ќе добие продолжение на внатрешн-економскиот план со мантрата „500 евра плата или банкрот”. Деликатноста на ветувањето на владата на Заев лежи како во сосема неповолниот песимистички момент на општеството, така и во непријатната поврзаност на (не)успехот на испорачување на покачување на платите со трендот на поддршка на интеграциите или подемот на евроскептицизмот кај граѓаните.

Закоравена ментална матрица

Скепсата на општеството не е убедлив аргумент за негирање на оптимизмот на Заев во неговата намера да испорача повисоки плати. Тоа е сепак изводливо. Поводот за скептицизам лежи во начинот на кој ќе се стреми да го исполни ова судбинско ветување кон граѓаните. Дотолку повеќе што намерата таквото покачување на платите и пензиите да се спроведе преку замрзување на придонесите треба допрва да помине низ внимателно промислување за можните критични реперкусии по економските текови во земјата.

И не само економските. Како што напати можевме да посведочиме низ нашите и туѓи искуства за ендемската поврзаност помеѓу економско-финансиските потреси и паралелните општествени искричења. Политичката денешница кај нас и онака фрапантно наликува на состојбите од 1994 година, тензичните односи помеѓу власта и опозицијата, помеѓу етничките заедници, напорите за мултилатерална факторизација на земјата, економската криза и напорите за саботирање на албанскиот владин партнер (тогаш ПДП, денес ДУИ). Вклучително обидите за негова супституција со практично попослушен и галамџиски понепокорен партнер.

Најнови вести