24.8 C
Skopje
Wednesday, July 28, 2021

Колку часа треба да спиете според возраста?

Најчитани вести

Многумина од вас сметаат дека им се потребни седум или осум часа за да се наспијат, но тоа не е секогаш така. После напорниот ден, најубаво е кога ќе заминете во кревет за да се одморите од секојдневните обврски.

Колку часа всушност ви се потребни за да се наспиете?

Недостаток од сон

Лошиот сон влијае негативно на квалитетот на животот, при што има штетни последици по вашето здравје. Недостатокот од сон го ослабнува имунитетот.

Доколку не спиете доволно, се зголемува ризикот од депресија, исцрпеност, оштетеност на вид, промена во правилното функционирање на хормоните и кардиоваскуларни болести.

Покрај сето ова, лошиот сон влијае негативно на телото и изгледот. Како резултат, може да дојде до појава до темни кругови под очите, бледа кожа и лоша боја на кожата.

Недостаток од сон, исто така, доведува до недостиг на концентрација, намалување на продуктивноста и предвремено стареење. Така што, не чекајте го викендот за да се одморите.

Научниците открија колку сон ви е потребен зависно од годините:

0-3 месеци: 14-17 часа

4 – 11 години: 12 – 15 ч.

1 – 2 години: 11 – 14 ч.

3 – 5 години: 10 – 13 ч.

6 – 13 години: 9 – 11 ч.

14 – 17 години: 8 – 10 ч.

18 – 25 години: 7 – 9 ч.

26 – 64 години: 7 – 9 ч.

65+ години : 7 – 8 ч.

Колку сме постари, толку помалку сон ни е потребен, но исто така секој од нас индивидуално има свои потреби.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести