23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Колку работат Македонците во споредба со работниците во ЕУ и регионот?

Најчитани вести

Во Црна Гора и Македонија лани се работело најмногу. Ова го покажува истражувањето на европската статистичка служба, Евростат. Тоа значи дека работниците во овие две земји најмногу време поминувале на работа. Но, колку сработувале додека престојувале на работните места е сосем друго прашање. Според експертите, должината на работното време и продуктивноста не секогаш одат заедно.

Синдикалците велат дека не 8, туку во земјава се работи и многу повеќе, а проблем е што тоа не се плаќа. Доколку се подобрат условите за работа, а се зголемат и платите работниците ќе бидат и посреќни и попродуктивни.

Експертите на иста линија. Велат дека е време да се најде начин работното време да не биде толку круто ограничено. Подоготовките за измени во ЗРО се во тек и ова треба да биде земено превид.

Според истражувањето на Евростат, лани во Црна Гора работната недела траела 44 часа. Во Македонија 39,5. Првата петорка најработни нации се балкански земји. Германците пак, на пример, работеле 34 часа неделно.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести