20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Колку пари ќе потрошат родителите за да подготват прваче за на училиште?

Најчитани вести

На први септември најмногу му се радуваат првачињата, но и нивните родители, кои учебната година ќе ја дочекаат со значително испразнет семеен буџет.

За две недели почнува учебната година, а за снабдување со училишен прибор трговците велат дека годинава цените се повисоки. Од книжарниците велат дека цените на училишните материјали се зголемени од 50 до 60 отсто за разлика од минатите години односно пред почетокот на пандемијата.

По пресметка на родителите околу 6.000 денари ќе им бидат потребни за купување на училишен прибор за да ги подготват првооделенците за тргнување на училиште.

Ранци….од 3000 до 1000 денари
Тетратки………од 80 до 15 денари
Гуми за бришење..од 50 до 15 денари
Фломастери….од 250 до 100 денари
Темперни бои…од 300 до 100 денари
Комплет прибор…од 1800 до 500 денари
Водени бои………од 150 до 70 денари
Блок за цртање…од 30 до 20 денари
Четки за боење…од 100 до 50 денари

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com