Home » Колку заработува познатиот актер Леонардо ди Каприо?

Колку заработува познатиот актер Леонардо ди Каприо?

by Журнал.мк

Тој е синоним за актери на таканаречената „А листа“, шета по црвениот тепих и демне на малите екрани од 1990 година.

Тој има снимено повеќе од 45 филмови и има освоено многу престижни награди, меѓу кои Оскар, наградата БАФТА за „Повратник“ и има бројни номинации за истите награди кои се одржуваат речиси секоја година.

Според некои информации неговото огромно богатство се проценува oд над 260 милиони долари.

Ова е дел од списокот на работи на кои познатиот актер сака да троши пари.

Леонардо ди Каприо е еден од основачите на „Earth alliance“, фондација за заштита на животна средина, па за време на пожарите во Амазонија како помош издвоил 5 милиони долари. Покрај тоа, на една добротворна аукција како помош на погодените во земјотресот на Хаити 2010 г., Леонардо потрошил 100.000 долари за гитарата на Боно Вокс.

Тој е сопственик на скапи недвижнини. Поседува резиденција во Палм Спрингс, Калифорнија, стан во холистички дух во зградата Делос во њујоршкиот Гринич Вилиџ, стан во Њујорк, како и куќа од соништата во Малибу, поседува и приватен остров крај брегот на Белизе кој го купи во 2005 г. за 1.75 милиони долари.

Љубител е на брзи автомобили, познато е дека учествува во трките на Формула Е и дека вози „тојота приус“ и „тесла родстер“.

Леонардо сака животни, слободното време го поминува со своето егзотично милениче, африканска желка која може да живее и до 80 години.

На списокот со работи на кои познатиот актер сака да троши пари се најдоа и скапи уметнички дела, луксузни јахти, часовници, дизајнирани очила… сè уште собира фигури од филмот „Војна на ѕвездите“, а едно време поседувал и череп од диносаурус вреден од 35000 до 40.000 дол.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk