6 C
Skopje
Tuesday, January 26, 2021

Колективно труење со храна во центар за пребројување на гласови во Шри Ланка

Најчитани вести

Најмалку 50 претставници од главниот Центар за пребројување на гласови во главниот град на Шри Ланка, Коломбо се хоспитализирани поради труење со храна.

Според портпаролот на Националната болница во моментот се хоспитализирани 50 жени и мажи. Тие биле донесени во болница по оброкот што го имале во Центарот за пребројување на гласови.

Изборната кампања за претседателските избори заврши во средата вечерта.

Повеќе од 150.000 луѓе се распоредени за изборите во 12.600 гласачки места и околу 50 центри за пребројување на гласовите ширум земјата.

Околу 15,99 милиони граѓани со право на глас утре ќе избираат меѓу 35. Претседателски кандидати, меѓу кои има само една жена.

Резултатите од анкетите најавуваат тесна борба помеѓу претставникот на владејачката партија, министерот за домување Саџита Премадас и Готабај Раџапакс.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести