Home » Кои се 8те кандидати за наследник на Џонсон?

Кои се 8те кандидати за наследник на Џонсон?

by Журнал.мк

Осум кандидати ќе бидат на гласачкото ливче кога конзервативните пратеници во среда ќе почнат да гласаат за да го изберат наследникот на премиерот Борис Џонсон, објави во вторникот претседателот на Комитетот 1922, Греам Брејди.

Џонсон беше принуден да се повлече откако десетици членови на неговата администрација поднесоа оставки во знак на протест по серијата скандали.

Риши Сунак, Лиз Трас, Том Тугендат, Кеми Баденох, Пени Мордоунт, Џереми Хант, Надим Захави и Суела Браверман ги обезбедија 20-те потписи од колегите пратеници потребни за учество во натпреварот.

Неколку моменти пред објавувањето во просториите на Комитетот 1922, телото што го надгледува изборот на наследникот на Џонсон, поранешниот министер за здравство Саџид Џавид рече дека се откажува бидејќи очигледно не успеал да привлече доволно поддршка.

Претходно и министерот за транспорт Грант Шапс најави дека ја повлекува кандидатурата и ќе го поддржи поранешниот министер за финансии Сунак.

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи Трас ја доби поддршката од истакнатите лојалисти Борис Џонсон, Џејкоб Рис-Мог, Надин Дорис и Џејмс Клеверли што се смета за потег чија цел е да се спречи победата на Сунак.

Многу од поддржувачите на премиерот се уште се бесни на Сунак за улогата што ја одигра во неговото соборување. Сунак и Џавид дадоа оставки минатата недела, во вторникот вечерта, и поттикнаа десетици помлади колеги да го следат примерот, принудувајќи го нивниот поранешен шеф да се повлече од лидерсската позиција на ториевците 36 часа подоцна.

Сунак води тесно пред Трас во најновата анкета на Конзервативната партија.

Џонсон, чиј тригодишен мандат како премиер беше нарушен со скандали, излегување на земјата од Европската унија и пандемијата на коронавирус, рече дека ќе остане на функцијата додека не се избере неговиот наследник.

Членовите на Конзервативната партија треба да го изберат својот нов лидер пред годишната конференција на конзервативците на почетокот на октомври – 358 пратеници од ториевците ќе гласаат во повеќе кругови додека не се изберат двајца кандидати за последниот круг. Името на победникот и новиот британски премиер ќе бидат објавени на 5 септември, пренесе Индекс.хр.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More