23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Кои се трите нови опции за влез во Србија од вчера?

Најчитани вести

Вчера, кризниот штаб на Србија воведе нови мерки за влез во земјата. Кои се трите опции за да ви биде одобрено влегувањето во Србија? Треба да исполнувате барем еден од следниве услови.

Oпција 1: Негативен PCR тест

Влегувањето е возможно со негативен RT-PCR тест на присуство на вурусот SARS-CoV-2, а тестот не смее да биде постар од 48 часа. Тестот мора да биде издаден од страна на референтна лабораторија од државата од која се доаѓа (не како фалц тестовите на оној тетовскиот доктор).

Наводно, ова правило нема да важи за Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Унгарија и државјаните на ови земји ќе може да влезат и без негативен тест, но ова правило треба да биде потврдено дополнително со одлука на Владата на Србија.

Опција 2: Потврда за вакцинација

Овој услов подразбира лицата да ги имаат примено сите потребни дози од некоја од вакцините на Фајзер, Спутник или Синофарм или една доза од АстраЗенека, која се прима вака.

Опција 3: Карантин

Оние кои ќе сакаат да влезат во Србија од било која држава, освен од Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Унгарија без негативен тест или примена вакцина, ќе биде неопходно да бидат во излоцаија, односно карантин. Оваа опција се регулира при пасошката контрола – лицата кои немаат негативен тест или потврда за примени вакцини, добиваат писмено известување за обврска во домашна изолација во траење од 10 дена. Мерката за карантин може да се прекине доколку во меѓувреме се добие негативен тест.

Карантинот не може да биде опција за патување од бизнис причини

За граѓаните кои патуваат поради деловни причини, постои опција по влегувањето во Србија да достават негативен тест до Стопанската комора на Србја, во рок од 24 часа. Доколку тестот е позитивен, Комората го известува надлежниот завод за јавно здравје.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести