17.8 C
Skopje
Thursday, August 18, 2022

Кои се опциите за деблокада на евроинтеграциите?

Најчитани вести

Ќе дозволи ли Македонија, но и европските земји – билатеризација на преговарачкиот процес? Спротивно на македонската позиција, но и на португалскиот предлог, официјална Софија се погласно бара спорните прашања да бидат дел од преговарачката рамка, а за возврат Македонија да може да го продолжи европскиот пат.

“Доколку ние сами упорно стоиме на тоа дека не прифаќаме таков механизам и лобираме кај државите членки, веројатно тоа би имало помалку шанси за успех. Сепак мислам дека во моментов членките го опипуваат пулсот, гледаат до каде може да се оди со некаков механизам. Затоа сега е најбитно како ние ќе се поставиме во сето тоа и да не дозволиме преговорите да се претворат во целосна билатеризација на процесот”

Втората опција за брз почеток на преговорите е рано отворање на македонскиот Устав, но како што вели Ристевска, тоа во моментов е нереална опција.

Во меѓувреме, се чини дека во Бугарија премиерот Петков отвора фронт со коалиционите парнтери, но и со претседателот Радев на тема Македонија. Бугарските социјалисти држат цврст став дека преговорите не смеат да се водат на сметка на бугарскиот национален интерес и историа, а сличен став има и уште еден од коалиционите партнери.

На различна линија со Петков е и Радев, а медиумите од Бугарија известуваат за неуспешна средба помеѓу премиерот и претседателот во однос на преговорите. 

Бугарија периодов ја посетуваат и високи европски функционери. Во петок во Софија пристигнува претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, средби со државниот врв и коалиционите партии претходно имаше еврокомесарот Вархеи. За потенцирање е средбата со опопзициската ДПС, која наговестува можна поддршка на владата.

Петков ќе има задача да ја убеди и домашната јавност во евентуалниот компромис, бидејќи според последната анкета на Галуп, речиси 70 отсто од Бугарите се за задржување на цврстата позиција во однос на евроинтеграциите на Македонија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com